Викендов беше отворена 17-та по ред експозитура на СН Финансии, 3-та по ред за изминатите триесеттина денови, раст кој зборува дека оваа Финтек компанија се шири брзо на терен, со цел да биде што поблиску до своите клиенти.
Локацијата е во Битола, во трговскиот комплекс Нов Пазар, на улицата Васко Карангелевски.
Целта да се оди на нови локации со нови експозитури е дел од стратегијата за оваа година на СН Финансии. Според оваа компанија, директниот контакт со финансовите комерцијалисти е многу важен за голем број нивни клиенти за кои советувањето на шалтер е одлучувачки фактор за да се избере услуга и производ идеален за нив.
„Нашата компанија е пионер во дигитализација, нешто што беше ставено во стратегија уште при самото формирање на СН Финансии. Така што онлјан услугите царуваа кај нас уште пред корона кризата. Токму таа наша визионерска посветеност на старт, се покажа како најдобра инвестиција и иновација која подоцна и другите ја следеа. Но, со отварањето на експозитури, само докажуваме дека сакаме паралелно и физички да бидеме блиску до клиентите, кои за разлика од почетоците кога нудевме само неколку финасиски продукти, сега имаат лепеза на понуди кои во основа се така креирани да излезат во пресрет на секого. Кај личниот контакт, нашата улога е советодавна, ние сме финансиски консултанти кои сакаме клиентот од нас да го добие најдоброто„- истакна м-р Томе Чагоровски менаџер за продажба и маркетинг.
Со секоја нова експозитура во нов и наменски дизајниран простор на ова финансиско друштво кое е единствено во Македонија формирано од домашен капитал и е предводник на бројни иновации за Финтек индустријата во регионот, е уште еден доказ дека станува збор за комапнија за која клиентите се најважни.
17 експозитура на СН финансии е сместена во модерен простор кој го дели со ЈК ТРАВЕЛ, партнер на СН ФИНАНСИИ на бројни локации низ Македонија.