Интернационален Картичен Систем АД Скопје – КаСис, процесор за обработка на трансакции со платежни картички и биро за персонализација, ја завршува годината со успешна имплементација на регионално ниво на 3D Secure протокол 2.0, за Mastercard и Visa платежните картички.
Преку овој протокол се обезбедува повисоко ниво на заштита за имателите на картичките при плаќање преку интернет, со многу поголем обем на податоци кои се процесираат во позадина.
Заедно со македонските банки, КаСис ќе продолжи да создава услови за безбедни и квалитетни услуги за македонските граѓани во сите сегменти на глобалниот пазар во картичната индустрија.