Со новата дигитална услуга Интернет банка, Комерцијална банка им овозможи на клиентите едноставно и без посета на шалтер да ги направат личните финансии достапни во секое време и од секое место

Комерцијална банка со задоволство ја најавува новата Интернет банка со современ дизајн и напредни функционалности за врвно корисничко искуство.

Интернет банката ќе добие целосно нов лик и многу нови можности за да одговори на современите потреби на корисниците.

Што носи новата Интернет банка?

  • Интуитивен и модерен дизајн за лесно користење
  • Напредни алатки за подобро управување со финансиите
  • Брзи трансакции со омилени налози
  • 24/7 преглед и контрола врз финансиите

Подготви се за ново ниво на твоето дигитално банкарство!

Види ги новиот изглед и новите функционалности на Интернет банката на следниот линк.

Ова е уште една услуга со која Комерцијална банка како лидер на пазарот овозможи практична примена на услугата електронска идентификација во секојдневните финансиски трансакции на граѓаните.

Комерцијална банка останува посветена на инвестиции и развој на современи дигитални решенија, кои се составен дел и на самата корпоративна култура на банката. Нивната цел е да понудат интегриран дигитален свет за да им обезбедиме на клиентите врвно корисничко задоволство.