KARIERA.mk направи интервју со Ксенија Николова, автор на шест книги. Нејзините книги неодамна беа преведени на англиски и на неколку други странски јазици, што направи оригиналниот стил на младата писателка да допре до читателската публика и надвор од нашите граници.

Ксенија воедно е и креатор на првата женскаинтерактивна дигитална платформа „Better Women Better World“ која има за цел потполно да го подобрува животот на жените на сите полиња и на разни начини. Неодамна, KARIERA.mk и платформата „Better Women Better World“ склучија меморандум за соработка при кој најатрактивните огласи за вработување ќе бидат споделувани со активните членови на платформата.

Таа за KARIERA.mk го сподели нејзиното искуство како вистински професионалец во нејзината област, со цел жените да добијат еден вистински систем на поддршка кој им овозможува да се надградуваат и да се развиваат, да станат подобри и поуспешни индивидуи.