Инвестицискиот самит за Западен Балкан ќе се одржи на 28 февруари во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, на кој ќе присуствуваат претставници од земјите од регионот, соопшти финансиската институција.

Самитот има за цел да го истакне потенцијалот на Балканот за инвестиции и бизнис и да промовира регионални прекугранични проекти.

Од банката посочија дека Балканот е приоритетен регион за ЕБОР, поради што оваа банка се уште е најголемиот институционален инвеститор во тие земји со досега инвестирани 15 милијарди американски долари.

Од ЕБОР најавија дека ќе присуствуваат премиерите, односно претставници на извршните власти на земјите од регионот, кои го потврдија своето присуство.

Традиционалниот централен настан на самитот е интерактивна сесија на премиерот, на која претставници на земјите од регионот заедно со претседателот на ЕБОР Одил Рене-Басо ќе и се обратат на јавноста со нивната визија за регионот, ќе зборуваат за клучните регионални проекти и можностите за инвестирање во целина.

Ова е петти самит на ЕБОР од ваков вид, бидејќи во февруари 2014 година се одржа инаугуративниот самит за Балканот, на кој за прв пат се собраа премиерите од регионот.

На оваа сесија странските инвеститори ќе имаат можност да поставуваат прашања до претставници на Србија, БиХ, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

Поради условите на глобалната пандемија, годинешниот самит ќе биде организиран во согласност со посебни одредби во хибриден формат.

Во согласност со мерките за здравствена и социјална дистанца во седиштето на ЕБОР, пристапот до премиерите и нивните делегации ќе биде ограничен, што ќе им даде можност на инвеститорите да поставуваат прашања онлајн.