Отворените инвестициски фондови го завршиле декември во позитива од 2,3 милиони евра, колку што изнесува нето-разликата меѓу реализираните приливи и одливи.
Во текот на последниот месец од 2023 година, вкупниот прилив на средства во отворените инвестициски фондови изнесува 22,47 милиони евра, наведено е во месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност. Во споредба со ноемврискиот биланс од 21,8 милиони евра, тоа претставува зголемување за 2,85 проценти.
Таквото движење е основа за позитивниот краен резултат и покрај повисоките проценти забележани на другата срана – кај одливот на средства, кој е во износ од 20,18 милиони евра. Или, во однос на ноември во овој сегмент е евидентирано зголемување од 23,17 насто.
На последниот ден од декември, пак, нето-вредноста на отворените инвестициски фондови е 13,4 милијарди денари, односно 218,6 милиони евра, што е за 2,6 проценти повеќе споредено со состојбара од крајот ноември.