(Време за читање 7 минути)

Во последните 2 години голем број на луѓе започнаа да инвестираат во криптовалутите, со надеж дека ќе се збогатат и конечно ќе ги остварат своите соништа. Видоа излез во криптовалутите, каде што можете со релативно мала инвестиција да направите огромен профит за возврат, како ниедна друга инвестиција. И фактот дека не мора  да поседувате некое големо познавање. Вистината е ДА, може да заработите многу пари со инвестирање во крипто валутите, но  истовремено може и да изгубите многу пари, ако не знаете како да го направите тоа. Многу луѓе ги загубија своите животни заштеди поради големата возбуда или прашина што се крена околу криптовалутите, особено во минатата година. Многу платформи, нови монети излегоа кои излегуваат и ден денес, а со тоа и голем број на луѓе инвестираа како луди. Со надеж дека ќе направат милиони за неколку месеци. Па, тоа може да се случи  но исто така и не може. Пред да продолжам со блогот, би сакал да ви кажам дека јас не сум Финансиски советник, моите блогови се едноставно едукативни, па не ги земајте овие информации како професионални совети за инвестирање. Ако размислувате да направите некои сериозни инвестиции, секогаш барајте професионален совет.

 

Постојат многу нови монети кои излегуваат речиси секој ден и тие се рекламираат како следната голема работа. Голем број на луѓе би сакале да инвестираат во нив, без да ги погледнат некои од  основите за тоа одредена монета. Според едно неодамнешно истражување спроведено од страна на (Blockchain Capital), 30% од луѓето во опсег од 18 до 34 години повеќе сакаат да инвестираат во Биткоин или некои други валути отколку во државни обврзници или акции. Истата студија, покажува дека 42% од помладата генерација позната како (millenials), слушнале за Биткоин во споредба со 15% свест кај луѓето на возраст од 65 и повеќе години. Овие бројки само покажуваат колку е голем интересот за инвестирање во криптовалутите. И станува се поголем секој ден, особено со помош на социјалните медиуми. Невозможно е да се избегне.

Ако одлучите да инвестирате во криптовалутите еве неколку работи кои мора да ги земете во предвид пред да инвестирате:

  • Најважниот фактор пред се е, да инвестирате онолку пари,колку  што можете да си дозволите да изгубите. Никогаш не вложувајте пари што не можете да си ги дозволите. Никогаш не го ставајте целата своја животна заштеда само затоа што некој што го познавате, ви рекол дека ова ќе биде следната голема работа. Никогаш не позајмувајте пари за да инвестирате во криптовалутите.
  • Отпор против тргувањето и FOMO – FOMO (Страв да не пропуштите) е едно од најмоќните искушенија на кои што треба да одолеете. Ова е многу познат стар маркетинг трик, кој добро функционира во некои случаи, но не со криптовалутите. Како инвеститор, честопати ќе се чувствувате поттикнати да купите одредена монета кога цената е пониска или монетата само што започнува. Одредени Маркетери ќе се обидат да ве присилат да купите повеќе монети. Имајте на ум дека, оној кој се обидува да ве притисне, е оној кој што треба да го избегнете. Секогаш прво истражете, без оглед на тоа што други ви кажуваат. Втората работа е отпорот против тргување – веднаш да ја продадете вашата монета ако  видите дека нејзината цена се намалува. Во повеќето случаи намалувањето на цената е привремено, што ги прави не-искусните инвеститори веднаш да ги продадат монетите. Немој да брзате.

Според мене, ова се најголемите почетни фактори кои мора да ги земете во предвид, пред  да ги ставите своите пари во криповалутите. Ние секогаш сме под влијание на нешто или некој во нашите животи. Не дозволувајте тоа да ви се случи. Дури и ако тоа ќе биде следната голема работа. Застанете за миг, направете го вашето истражување, соберете податоци и потоа инвестирајте.

 

Сега да го разгледаме техничкиот дел од инвестицијата:

  • Чекор 1 Извори на информации

Во овој чекор ќе ги соберете потребните информации за одредена монета за која сте заинтересирани да инвестирате пари:

  1. Белиот лист на монетата

Сите монети имаат бел лист каде што се објаснува за целта и за механиката на монетата. Овде можете да ги оцените фундаментите на таа монета. Која е нејзината намена? Каков вид на проблеми решава … Вообичаено, белиот лист може да биде неколку страници на пример 10, 15 или можеби 20. Многу инвеститори сакаат да го прескокнат овој дел, поради фактот што тие се мрзливи да читаат. Секогаш прочитајте го белиот лист. Ако не сте запознаени со некои работи, пронајдете некој што ќе ви објасни.

  1. Kанал за комуникација на монетaта или блог

Секоја монета има свој официјален канал за комуникација на клучниот тим за развој. Придружете се на нивниот канал и погледнете ја интеракцијата на развојниот тим со заедницата. Поставувајте прашања за да добиете повеќе информации за таа монета. Исто така, треба да ги следите надградбите дадени од програмерите на нивниот блог.

  1. Проверете ги форумите во заедницата како што се: Reddit , Steemit , Bitcoin Talk

Форумите се одличен начин за подобро разбирање на монетите. Во форумите ќе прочитате многу мислења и објаснувања за одредена монета. Ако не сте запознаени со некои од техничките жаргони, добар совет е во пребарувањето на вашите одговори да го употребувате терминот “ELI5”, кој се залага за “Објаснете ми како да сум 5 годишен”.

  • Чекор 2 –Листа за анализа на криптовалутите

Во овој чекор можете да поставите некои прашање за монетата, за да добиете информации дали оваа монета е добра инвестиција. Ајде да ја погледнеме контролната листа:

  1. Општа оценка

Која е целта на монетата? Монетата мора да имаат јасна цел, особено ако таа е револуционерна или прва од тој вид.

Дали решава вистински проблем? Каков вид решение нуди таа монета е многу важно.

Дали монетата поседува некои алатки? Монетата мора да има силна алатка за поттикнување на луѓето да ги држат своите монети како инвестиција. Корисноста на монетата е силно поврзана со нејзината вредност.

Дали белиот лист е замаглен со Маркетингшки термини? Како правило, ако белиот лист е полн со маркетинг термини кои го возбудуваат проектот, тогаш најдобро е да се држите подалеку од таа монета.

Дали проектот е финансиран / поддржан од истакнати инвеститори? Ова дава кредибилитет на монетата.

  1. Оперативна проценка

Кој е консензуалниот механизам на монетата? Ако знаете каков е механизмот како на пример: Доказ за работа, Доказ на акции или друго, е одличен начин да дознате како функционира таа монета.

Дали проблемот е централизиран или децентрализиран? Намената на криптовалутата е да биде  децентрализирана. Сепак, постојат одредени монети кои имаат централна структура, која може да има свои предности.

Колкав е развојниот пат на монетата? Мора да постои јасна временска рамка за развој на монета.

Дали има тековен доказ за монетата?

Колку пари се собрани? Како се потрошени тие пари?

  1. Анализа на пазарот

Дали монетата е прва од нејзиниот  вид во решавање на одреден проблем? Монетата која е прва од нејзиниот вид има силна предност во однос на другите монети.

Колкава е разликата на монетата од нејзиниот најблизок конкурент? Монета со нови технологии која е различна од нејзините конкуренти би можела да биде повеќе прифатена.

Колку профитабилен е пазарот? Целната публика мора да биде доволно голема за да го поддржи растот на монетата.

Дали постојат значајни правни бариери? Ова може да го компромитира временскиот рок на проектот.

ПРОДОЛЖУВА….

Ви благодарам што читавте

Регистрирајте се на мојот блог – http://darkoonlinetips.blogspot.com/

Следете ме на Фејсбук – http://bit.ly/2zDUBpp