Вредноста на биткоинот падна под 10.000 долари за прв пат од декември наваму.
Според индексoт на Coindesk, вредноста на криптовалутата на берзата прво опадна на 9.958 долари, потоа се опорави малку, но повторно падна на 9.200 долари.
Ова е пад од повеќе од 53% од највисоката вредност од 19.800 долари за биткоин пред пет недели.
И другите криптовалути бележат остри падови на вредноста, вклучувајќи ги етериум, рипл и биткоин кеш.
Некои експерти се загрижени дека се формира меур на берзата бидејќи случајни инвеститори насобраа резерви со кои не знаат како да управуваат и тоа е причината за падот на цената што може да стане уште подрастичен.
Тешко е со сигурност да се одреди што ги предивикува драстичните промени на цената на биткоинот кој е понестабилен од другите традиционални валути и поподложен на шпекулации.
Во почетокот на неделата, новинската агенција „Bloomberg“ објави дека кинеските власти планираат да го ограничат пристапот до платформите за тргување со криптовалутата и дека веќе презеле мерки за спречување на „копањето“ биткоини, што е процесот со кој се потврдува трансакцијата на дигиталната валута.
18.01.2017 11:39