Грчката влада продаде квартални државни записи во вредност од 487,5 милиони евра со каматна стапка од минус 0,02 проценти, за прв пат инвеститорите да и платат на Атина за да и позајмат пари.
Емисијата се емитуваше минатата недела, јави Си-Ен-Ен, оценувајќи дека ова е драматичен пресврт за земјата на која и беше потребен најголемиот пакет помош во историјата и чиј долг во еден момент далеку надмина 180 проценти од бруто домашниот производ.
Со ова, клубот на земји со негативна камата на обврзници доби уште една нова членка, што беше незамисливо до пред четири години.
Трендот на поповолно задолжување се прелева и на долгорочните хартии од вредност, со оглед на фактот дека Грција издаде 10-годишна обврзница во вредност од 1,5 милијарди евра на почетокот на минатата недела, при што им донесе само 1,5 проценти на инвеститорите.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк