Инвеститорите во биткоин секогаш треба да се имаат на ум за проблемите како што се висока нестабилност, можна манипулација на цените, загуба на податоци или кражба на податоци, вели Маркус Милер, шеф на инвестиции и управување со средства во “Дојче банк”.

 

Шефот на инвестиции Милер изјави во интервју за новинската агенција “Блумберг”, дека “Дојче банк”, моментално не советуваат да се инвестира во криптовалути.

Неодамнешниот пораст на цените на дигиталните валути се одразува многу на имагинацијата, која се раководи од страна на актуелната ситуација на пазарот.

За да постанат криптовалутите еден вид на актива потребна е поголема регулатива, безбедност и транспарентност”, вели Милер.

“Важните прашања како што се одговорност и документација се нејасни. Ние сме се уште на самиот почеток од оваа област”, рече тој, цитиран од страна на “Раша Тудеј”.

Компаниите кои емитуваат криптовалути, вели тој, треба да работат заедно со регулаторите.

“Кога ќе бидат утврдени сигурност и доверба, криптовалутите може да се вреднуваат како некој вид на имот. Можно е да се воспостави контрола за пет до десет години од сега”, додаде Милер.

Шефот на одделот за инвестиции во “Дојче банк”, исто така, посочи дека традиционалните пари се поддржани од основната економска сила на земјата и златото. Криптовалутите би можеле да функционираат како средство за зачувување на вредност (засолниште) само ако компаниите што ги емитуваат имаат одржлив бизнис модел, рече Милер.

 

30.01.2018  09:57