Поддршката на ЕУ за регионален развој на туризмот, заштитата на културното и природното богатство, се важни за развојот на локалните заедници и градењето добри меѓусоседски односи, објави на неговиот официјален фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Smart-Cul-Tour е партнерство кое го поттикнува туризмот, го промовира и заштититува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча.

Во рок од 28 месеци:

o Ја реконструиравме пристапната улица т.н. „Римски пат“, вклучително и пешачката патека, до археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, во Битола.

o Ја реконструиравме инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, во Битола.

o Ја реконструиравме постоечката стара училишна зграда и основавме Музеј во чест на писателот Стерјо Спасе, во с. Глобочани, Општина Пустец. 🎯 Sterjo Spasse Museum House

Презедовме чекори за развој на туризмот во регионот Пелагонија и Корча преку:
o Поставивме постојана поставка во Музејот „Стерјо Спасе“ во с. Глобочани, Општина Пустец;
o Ја реновиравме музејската поставка во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис;
o Овозможивме пристапност за лицата со посеби потреби, до театарот и видиковецот во Хераклеја;
o Развивме повеќе-јазичен аудио водич за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис;
o Развивме виртуелна и проширена реалност за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и музејот на Стерјо Спасе во Глобочани;
o Развивме и промовиравме интегрирани туристички пакети со прекуграничен карактер;
o Реализиравме работилници за размена на искуства и знаење помеѓу музејските експерти и конзерваторите од НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за заштита на културно наследство – Корча.
☑️ Изминатиов период, и покрај пандемијата, Театарот во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис беше посетен од илјадници посетители кои уживаа во културните настани реализирани во многу подобрени услови, на нова бина и со реновирани и осветлени пристапни патеки. Задоволството беше повеќекратно, а интервенциите не поминаа незабележани. Позитивните коментари од посетителите одекнуваа долго после настаните, занемени од приказната на каменот и сплетот на мозаиците
☑️ „Римскиот пат“ се вклопи во целосниот амбиент на локалитетот и срасна со магијата која ја доживуваа посетителите кои се симнуваа со воодушевување од автобусите, а се враќаа во истите, занемени од приказната на каменот и сплетот на мозаиците.
☑️ Денес, Музејот Стерјо Спасе во Глобочани е простор кој живее, во него се одржуваат јавни настани, состаноци и е отворен за туристи и патници.
Овој Музеј го промени и тоа како секојдневието во с. Глобочани, во општината Пустец. Музејската поставка, животот и делото на Стерјо Спасе, сведочат за едно време, а тоа време е токму таа искра која ја подобрува сегашноста, нè инспирира да ја планираме и да ја сакаме иднината додека соработуваме и несебично разменуваме, почитувајќи се едни со други.
☑️ Развиени се 5 уникатни и атрактивни туристички понуди и шеста понуда која дава можност да се креира лично, персонализирано патување во регионот на Пелагонија и Корча. Малите локални бизниси и локалните жители станаа активни туристички оператори, нивните приказни, животи, вештини, како своевидни атракции за туристите, ги надополнуваат знаменитостите од туристичката понуда во регионот.
❗️Smart-Cul-Tour е европска приказна призната и поддржана од граѓаните на овие две држави, а реализирана од исклучително професионален и посветен тим.
Се заблагодаруваме на 🔺 Delegation of the European Union, Skopje, 🔺 Министерство за локална самоуправа, 🔺 Министерство за култура / Ministria e Kulturës, 🔺 Министерство за култура на Република Албанија и сите останати соработници и партнери за тоа што ја препознаа важноста на овој проект и ја дадоа својата поддршка, секој согласно своите ингеренции и можности.
📍Време е за признание и прослава… горди сме на нашите резултати кои се видливи, повеќеслојни и не завршуваат овде. Придобивките од проектот ќе ги уживаме секој нареден ден.
* Проектот SMART-CUL-TOUR е ко-финансиран од страна на Европската Унија и Министерство за Локална самоуправа на РСМ, а во рамките на вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Репубика Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020.