Цените на нафтата во понеделникот паднаа на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 долари откако Ирак усвои амбициозен план за извоз во пресрет на кварталниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Во електронската трговија на лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 35 центи на 48,97 долари. На американскиот пазар суровата нафта се тргува по речиси непроменета цена во споредба со претходното затворање од 49,13 долари. Пазарите во САД и Велика Британија се затворени за време на празниците.
Вниманието на пазарите е свртено на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во Виена оваа недела, иако повеќето аналитичари не очекуваат промена во производството. Во меѓувреме Ирак се приклучи на групата на држави кои пред средбата најавија зголемување на извозните квоти.