Цената на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари се спушти во близина на 31 $, откако Ирак објави за рекордно производство, со што дополнително се нагласи проблемот со прекумерната понуда на светските пазари.
На лондонскиот пазар суровата нафта падна за 83 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 31,35 $. Во САД барел се тргува за 85 центи пониска цена, од 31,34 $.
Во понеделникот нагорниот тренд на цените го закочија податоците за рекордното производство на Ирак во декември. Министерството за нафта на Ирак соопшти дека нафтените полиња во централниот и јужниот дел на земјата произведувале 4.13 милиони барели на ден.
Одделно ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барел сурова нафта во петокот изнесувал 25,50 $, што значи дека има зголемување од 2,61 $ во однос на претходниот ден на тргување.