Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина ќе користат рубли и риали наместо долари во билатералната трговија, објавија во средата иранските државни медиуми. Договорот бил финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот пишува „Ројтерс“. И Иран и Русија се под санкции на САД.
– Банките и економските субјекти сега можат да ја користат инфраструктурата, вклучително и меѓубанкарски системи освен СВИФТ, за водење бизнис во домашни валути, објавија државните медиуми.
Членките на Евроазиската економска унија (ЕЕУ), предводена од Русија, на 25 декември потпишаа договор за слободна трговија со Иран.
Иран стана важен партнер на Русија по воведувањето на западните санкции кои ја принудија Русија да бара нови пазари надвор од Европа.