По воведувањето на новите санкции од Соединетите Американски Држави и денеска иранската валута ријал достигна нов најнизок рекорд во однос на доларот. Ријал денеска се менуваше за 112.000 за еден долар, во однос на 98.000 колку што вредеше вчера на независниот девизен пазар.
Според државната курсна листа 44.070 ријали вредат еден долар во однос на 35.186 колку што вредеше на 1. јануари, пренесува АП.
Ријалот загуби половина од вредноста во однос на американскиот долар за четири месеци. Вредноста на иранскиот ријал постепено паѓа со години, но неговиот пат се забрза во последните месеци по одлуката на САД да излезе од нуклеарниот договор со Иран во мај и најавата за воведување засилени сакнции од следниот месец. САД ќе ги врати санкциите врз Иран во две фаци, 6 август и потоа 4 ноември.
Владата се обиде да го запре падот во април воведувајќи фиксен официјален курс на 42.000 ријали за долар, и со закана дека ќе делува против оние кои валутите ги менуваат на црниот пазар, пренесува Франс прес. Меѓутоа, Иранците се загрижени поради продолжената економска криза и едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор. Тиа продолжуваат да купуваат долари на паралелен пазар сметајќи ја таа валута за посигурна.
Владата мораше да го ублажи ставот во јуни, особено поради некои увозници и поради тешкотиите кои банките ги имаа за да добијат долари по кур кој владата го фиксираше.
Владата во минатиот месец го смени гувернерот на Централаната банка Валиолах Сеиф, чија политика исто така се смета за одговорна за падот на ријалот. Иранските власти ги ублажија и прописите за внес на странски валути во земјата со цел да се борат против трговијата на црниот пазар. Европјаните, Русија и Кина остануваат приврзани кон нуклеарниот договорот потпишан во 2015. година.