Во Норвешка се формира банка која работи според принципот на исламско банкарство, засновано врз искуството од Босна и Херцеговина.

Пред нешто повеќе од една година во просториите на Амбасадата на БиХ во Осло, професорот Торкел Бреке и неговиот визитинг професор од Економскиот факултет во Сараево, Велид Ефендиќ, ја презентираа иницијативата за отворање банка на исламски основи во Норвешка, барајќи од амбасадорот на БиХ во оваа земја, Недим Макаревиќ, за помош за овој амбициозен проект, пред се заради искуството на БиХ во оваа област.

Професорот Бреке предава на Универзитетот во Осло во областа на социјалните студии и е активен во норвешкиот институт PRIO и истражувачкиот центар ЦЕВИТА. Од 2014 година, тој работи на започнување банка базирана на исламски принципи во Норвешка, а во врска со тоа направи повеќе истражувања кои несомнено упатуваат на потребата од ваков вид банкарски бизнис, не само во Норвешка, туку и во цела Скандинавија.

Амбасадорот Макаревиќ посочува дека ова е економска област каде БиХ има многу што да понуди.

„Веќе многу години, покрај конвенционалното банкарство, БиХ има и исламски банкарски производи. БиХ е дефинитивно предводникот овде во Европа. Постојат банки, има експерти, многу проекти кои се успешно спроведени повеќе пати, а има и докажана статистика на која можеме да се потпреме, како и искуство. Веќе оваа недела, професорот Бреке ќе се сретне со експерти во Сараево. Тој е еден од организаторите на Исламската конференција за финансии и економија, која започнува во Сараево на 25 октомври. Поддршка има во Норвешка и во Сенаид Кобилица, главниот имам од Норвешка, кој е голем поддржувач на овој проект и активно придонесува за неговата реализација “, вели Макаревиќ.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк