Исплатени се 222 милиона денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно млеко предадено на преработувачки капацитет во периодот од мај до септември минатата година.
Средствата се исплатени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во еден ден, без селекција на сметките на 7.877 фармери, кои исполнуваат услови за добивање финансиска поддршка.
Како што информираат од Агенцијата, со оваа исплата се заокружува исплатата на првата, втората и на третата фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година.
Вкупно досега за сите три фази според Програмата за финансиска поддршка за 2018 година исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар.