Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства.
-Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го одржувале бројот на пчелни семејства до 30 ноември 2023 година. По овој основ се исплатени 5.234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157,3 милиони денари. Висината на финансиската поддршка е 600 денари по пчелно семејство, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Земјоделските стопанства, кои имаат пријавено над 50 регистрирани презимени пчелни семејства и се евидентирани или регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство, како примарни производители на производи од животинско потекло или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или имаат предадено мед во објект одобрен од АХВ, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 200 денари по презимено пчелно семејство, со што вкупната финансиска поддршка за оваа категорија на пчелари ќе изнесува 800 денари по пчелно семејство.