Исплатени се 105.178.050 денари за амортизирани несилки и 10.909520 денари за бројлери.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени парите за одгледани и продадени или заклани бројлери и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланици
Исплатени се 10.909.520 денари за мерката за бројлери, одгледувани, продадени и заклани во регистрирани кланици за период од октомври 2023 година до септември 2024 година.
Повеќе од 105 милиони денари се исплатени на 32 корисници на мерката за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланици во период од 1 октомври 2023 година до 30 септември 2024 година.
Корисници на овие мерки се земјоделските стопанства – живинарски фарми.