Испрограмирани се 21 500 000 евра ИПА помош за 2022 година кои чекаат одобрување, за подобрување на патната инфраструктура и поголема безбедност на патиштата, напиша во објава на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Преку ИПА фондовите, истакнува Маричиќ, се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.
-Процесот на евроинтеграциите е скап процес, а финансиската поддршка што земјата ја добива преку ЕУ фондовите е во насока на воведување на европските стандарди дома, порачува Маричиќ.лв/
Скопје, 20 март 2022 (МИА)