Истанбул беше прв на листата на градови во светот минатата година во однос на неговиот придонес во туризмот во бруто домашниот производ (БДП). Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC) објави податоци дека во Истанбул, секторот за патувања и туризам директно генерира 15,7 % од БДП.
После Истанбул, навторот место се најде Анталија со 15,5% и Москва со 13,7%. Будимпешта се најде на 10-то место со раст од 8,5 %. Патувањето и туризмот во првите 73 градови директно учествуваа со 4,4% од нивниот БДП и 17 милиони работни места, или 5,7 % од вкупното вработување во тие градови во 2018 година. Според WTTC, патувањето и туризмот учествуваат со 10,4% од светскиот БДП.