За регион кој е толку длабоко вметнат во меѓународниот ланец на снабдување, клучното прашање сега е дали локалната побарувачка ќе биде доволна
Економиите на земјите од источноевропска унија ослабнаа во последниот квартал во согласност со остатокот од блокот, но бумот на нови работни места и зголемените владини трошења им помогнаа да го издржат ударот од глобалните потреси, што ги принудија Германија и Велика Британија да забележат контракција.
Во моментов Унгарија, Романија и Полска ја водат ЕУ според нивните бројки на БДП објавени на почетокот од оваа недела. Сите три земји бележат пораст од над 4% од претходната година. Податоците за Унгарија, Романија и Чешка, сепак, беа над предвидувањата, иако се очекува застој, изјави Блумберг.
„Мора да има одредено забавување, малку е веројатно дека овие вредности на раст ќе се одржат“, рече Золтан Аракајаси, аналитичар во групата „Ерсте банка“ во Виена. „Но, разликата во растот на запад ќе остане поголема“, додаде тој.
За разлика од Германија, каде економската контракција врши притисок врз канцеларката Ангела Меркел да примени фискален стимул, владите од Варшава до Будимпешта истураат пари во нивните економии.
За исполнување на целта за раст на нејзината влада, што е за два процентни поени над просекот на ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан вети две рунди стимул следната година. Централната банка, предводена од ветувањата на премиерот, ја олесни монетарната политика повеќе од другите земји во регионот и најави програми за стимулирање на заеми на домаќинствата и компаниите.
Слична е ситуацијата во Полска, каде владата стимулира трошење пред општите избори во октомври.
Растот предводен од потрошувачката се промена во текот на годините од растот базиран главно на извоз. Недостаток на работна сила во регионот истовремено го поттикна експлозивното зголемување на платите. Домаќинствата земаат нови хипотеки и купуваат повеќе автомобили бидејќи повисоките плати го зголемуваат расположливиот доход.
Чешките градежни компании започнаа со изградба на скоро 6.000 нови домови во првата половина од годината, нивно највисоко ниво од 2008 година. Во Романија, најголемиот заемодавател, Банка Трансилванија, објави дека има проширено над 10.000 нови заеми во првите шест месеци од годината.
„Тоа беше динамичен период … што ни овозможи да заработиме добри приходи во контекст на намалените даноци“, рече главниот извршен директор Омер Тетик во објавувањето на извештајот на финансиската институција во средата.
За регион толку длабоко вметнат во меѓународниот ланец на снабдување, клучното прашање сега е дали локалната побарувачка ќе биде доволна за да се балансира забавувањето на глобалната економија. Некои земји со помалку охрабрувачки монетарни политики веќе ги доживуваат ефектите.
Податоците за расположението на менаџерите покажуваат растечки песимизам, при што ослабнати се бројките на индустриското производство во последните месеци. И покрај рекордната ниска невработеност и силниот раст на платите, темпото на економски раст во Словачка, водечки производител на автомобили, е најбавно од скоро шест години. Во Чешката Република, влошените прогнози за раст ја принудија централната банка да ги остави каматните стапки непроменети откако Европа го направи истото.
„Иако регионот речиси целосно се оддалечи од Германија во првата половина од годината, ризикот се зголемува“, рече економистот од „JPMorgan Chase & Co.“. Хозе Сервеира. „Синхронизираното тонење на вредностите на индустриското производство го предизвика првиот аларм. Ги ревидиравме надолу нашите предвидувања за раст за следните квартали “, додава тој.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк