OneCoin беше една првите криптовалути која стана хит на Балканот пред нешто повеќе од две години кога многу корисници, вклучувајќи и македонски граѓани решија да вложат пари со суми од 50 евра па нагоре. Сепак, долгите години на чекање за официјализирање на оваа дигитална валута ги крена алармите на истражните органи.
Специјалниот јавен обвинител од Бугарија исто така се вклучи во истрагата против OneCoin врз основа на сомнежи дека станува збор за пирамидална измама која може да оштети голем број на инвеститори. Канцелариите на OneCoin во Софија веќе беа под рација на бугарската полиција по налог на СЈО и се очекува покренување на обвинение.
Истрагата е интернационална и во неа се вклучени повеќе органи од европски држави меѓу кои и Германија со координација преку Европол. Еден од основачите на OneCoin Ружа Игнатова веќе се соочува со обвиненија за измама во Индија.
На сите македонски инвеститори кои вложиле пари во OneCoin им советуваме да преземат соодветни мерки пред домашните истражни органи.