Побарувачката за алтернативни валути ќе се зголеми до 2030 година, при што дигиталните валути на крајот ќе ја заменат готовината, покажува неодамнешното истражување на Дојче банка.

Во извештајот „Замислете ја 2030“, стратегот на Дојче Банк, Џим Рид, ја подигна свеста за предизвиците со кои се соочува постојниот систем на фиат-валутите во последните неколку години, особено со доаѓањето на криптовалутите. Рид утврди дека зголемената побарувачка од луѓето за нематеријализирани средства за плаќање и анонимност може да ги поведе повеќето луѓе кон дигиталните валути, пренесува Cointelegraph.

За да добијат поголемо прифаќање, дигиталните средства треба да надминат три главни пречки. Тие вклучуваат перцепиран легитимитет во очите на владите и регулаторите, што подразбира стабилност на цените и да овозможуваат глобален опсег на пазарот на плаќања. Според Рид, сојузите со клучните играчи како што се мобилните апликации и даватели на картички ќе го олеснат овој развој.

Во исто време, Рид истакна дека доаѓањето на овој на мејнстрим ќе донесе нови предизвици. Меѓу најголемите закани за наводниот финансиски систем заснован на дигитални валути, Рид ја именуваше зависноста од електрична енергија, сајбер-нападите и дигитално војување. „Ако тоа се случи, линијата помеѓу криптовалутите, финансиските институции и јавниот и приватниот сектор може да се замагли“, напиша Рид.

Во меѓувреме, светските влади активно дискутираат за потребата од развој на национални дигитални валути. Гувернерот на Банката на Јапонија, Харухико Курода, рече дека нема јавна побарувачка за дигиталната валута на централната банка (CBDC) во земјата. Курода ја забележа зголемената побарувачка за плаќања во готовина и додаде дека банката спровела техничко и правно истражување за ова прашање.

Британските Девствени Острови презедоа поактивен пристап кон CBDC, најавувајќи дека земјата развива дигитална валута наречена BVI ~ LIFE, во соработка со стартапот базиран на блокчејн Лајф Лајблс. Валутата е дел од пошироката иницијатива за развој на локалниот финтек сектор. Оваа валута ќе биде поврзана со американскиот долар.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк