Бизнис климата во земјава речиси непроменета.

Сивата економија и правната несигурност се уште најгорливи проблеми за фирмите, покажува анкетата спроведена врз 600 компании, во рамки на проектот на УСАИД.

Само 13% сметаат дека има подобрувања, додека 38% сметаат дека условите за водење бизнис се полоши.

Зголемени се опомените пред казни од инспекциите, но сепак фирмите замеруваат  инститирање на инспекторите по секоја цена да се најде некаква нерегуларност во работењето.

40% сметаат дека борбата против сивата економија, е недоволна дури 80% од фирмите имаат негативни оценки за борбата против сивата економија.

Градежните инвеститори се пожалиле на легислативата во секторот, и дозволите за градба.

Сепак задоволни се колку учествуваат во процесот на донесување на правните регулативи.

Најлоши оценки фирмите дадоа во 2016тата. Тогаш дури половината од нив сметаа дека бизнис климата е влошена.