СН Осигурителен Брокер АД Битола, како најголем субјект во својот сегмент на национално ниво, денес со задоволство ја објавува веста за реализација на првиот налог преку Македонска Берза АД Скопје за купување на корпоративни обврзници издадени од Друштвото и тоа на износ од 5.000.000 денари односно 500 лотови само два дена од датумот на започнување на рокот за издавање на обврзницата.
СН Осигурителен Брокер АД Битола им се заблагодарува на инвеститорите за довербата и очекува да се исполнат проекциите и во рамки на 20 работни денови целосно да се реализираат односно запишат и уплатат 100% од понудените долгорочни должнички хартии од вредност-корпоративни обврзници.
Вкупната одобрена емисија има вредност од 80.000.000 денари и поделена на 8000 лотови со номинална вредност од по 10.000 денари по лот.
Корпоративната обврзница му носи на имателот на обврзницата фиксна годишна каматна стапка од 6%.
Роковите на исплата на номиналната вредност на корпоративната обврзница се по истекот на 5 години од денот на упис на обврзниците во Централниот Депозитар за хартии од вредност.
Компанијата ја користи оваа прилика да ги информира своите инвеститори дека терминот на тргување на обврзницата преку Македонска Берза АД Скопје е секој работен ден од 11:00 до 11:30 часот.
Компанијата, за непосреден, стручен и професионален одговор на сите евентуални дополнителни прашања на темата, за сите заинтересирани, на располагање го става и својот Заменик на Директорот за финасии, г-дин Деан Стојановски, преку неговиот телефон: 070/730-437 и интернет адреса: [email protected].