Рим (Ројтерс) – Италија ќе ги намали даноците оваа година, дури и ако тоа значи зголемување на буџетскиот дефицит над три проценти од вкупниот бруто домашниот производ на земјата спротивно на барањата на Европската унија, изјави вицепремиерот Матео Салдини денес.
“Намалувањето на даноците од 2019 година е од клучно значење”, рече Салвини во претходно снименото телевизиско интервју. Запрашан дали владата треба да биде подготвена да го прекине ограничувањето од 3 проценти максимум износ на буџетски дефицит, шефот на десничарската партија на Лигата одговори: “Да, апсолутно”.
Салвини, кој исто така е министер за внатрешни работи во коалицијата со движењето 5 Ѕвезди, а кои се силно настроени против естаблишментот, е во предизборна кампања пред изборите во Европскиот парламент подоцна овој месец.