Италија и Шпанија ќе бидат најголемите победници на фондот за обнова, договорен од Европската унија минатиот месец, од кои 750 милијарди евра ќе бидат дистрибуирани до земјите-членки во форма на грантови и заеми, објави Блумберг, повикувајќи се на бројки од германскиот парламент.

Официјално, распределбата на парите од пакетот за кој ќе одлучуваат европските парламентарци, сè уште не е објавена. Според Блумберг, бројките што Бундестагот ги бара не го сочинуваат целиот износ на пакетот помош, бидејќи 30 проценти од планираните средства ќе бидат распределени во 2023 година и во зависност од резултатите што земјите-членки на ЕУ ќе ги постигнат во 2020 и 2021 година.

Сите овие бројки сè уште се предмет на промена во Европскиот парламент.

Според Блумберг, Италија ќе добие 44,8 милијарди евра грантови, следена е Шпанија со 43,4 милијарди. Овие две земји се најпогодени од ковид-19 во Европската унија.

Други големи победници се Франција и Грција, а Хрватска исто така влегува во „топ 10“ во апсолутна смисла.

Германија ќе добие 15,2 милијарди евра грантови од ЕУ, а властите во таа земја планираат да ги искористат тие пари за да не се задолжуваат дополнително, пред да се финансираат нови иницијативи за поддршка на економскиот раст.

Невиден стимулативен пакет, договорен од лидерите на ЕУ минатиот месец, ќе биде финансиран од заедничко задолжување на Европската унија, зајакнувајќи ги финансиските врски што го одржуваат блокот на 27-те обединети држави.

Од овој пакет за итни случаи, 390 милијарди ќе бидат дадени во форма на грантови, и 360 милијарди во форма на заеми со ниски каматни стапки.

Список на земји со средства наменети за нив за 2020 и 2021 година:

Членки на ЕУ

Грантови (во милијарди евра)

Италија – 44,8

Шпанија – 43,4

Франција – 22,7

Полска – 18,7

Германија – 15,2

Грција – 12,6

Романија – 9,5

Португалија – 9,1

Бугарија – 4,3

Хрватска – 4,3

Унгарија – 4,3

Словачка – 4,3

Холандија – 3,7

Белгија – 3,4

Чешка – 3.3

Шведска – 2,7

Австрија – 2.1

Литванија – 2

Финска – 1,5

Латвија – 1,5

Данска – 1,2

Словенија – 1.2

Ирска – 0,8

Кипар – 0,8

Естонија – 0,7

Малта – 0,2

Луксембург – 0,1