Италијанската влада работи на финализирање на пакетот вреден 55 милијарди евра за поддршка на економијата на земјата, која се бори против коронавирусот, пренесува „Corriere della Sera“.
Премиерот Џузепе Конте, според пишувањето на италијанските медиуми, ги разработува последните детали за планот и треба да го претстави пакетот следната недела.
Нацрт-планот од 760 страници вклучува финансиски средства за поддршка на туризмот, културата и земјоделството, како и сите останати сектори особено погодени од кризата. Исто така, вклучува пари за здравствениот систем и поддршка за вработување и домаќинства.
Италија пријави вкупно 217.185 заразени со коронавирусот, а по Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи како последица од заразата со коронавирусот.
Европската комисија изјави дека Италија треба да се подготви за сериозен економски пад, бидејќи бруто-домашниот производ ќе падне за речиси 10%.