Рим (Ројтерс) – Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини денес (понеделник) рече дека се надева дека кредитните агенции нема да покажуваат предрасуди кон Италија, кога ќе ги разгледаат нивните рејтинзи за долгот на земјата, и тој повторно ја отфрли можноста за излез од еврото.
“Моите деца ќе пораснат во европски кондоминиум со евра во нивните џебови. Излезот од еврото не е на агендата, ниту денес, ниту утре, ниту следниот ден”, изјави Салвини во интервјуто за радио РТЛ 102.5.