МИЛАН (Ројтерс) – Италијанскиот министер за финансии рече дека не гледа рецесија на хоризонтот, но призна дека може да има период на економска стагнација.
“Да ги почекаме податоците за последниот квартал од 2018 година. Не гледам рецесија, гледам ситуација на стагнација”, изјави Џовани Триа во интервјуто за италијанскиот весник “Кориере дела сера” денес.
Запрашан за приватизацијата, министерот рече дека владата го проучува прашањето за пренос на уделите од државно-контролираните претпријатија на државниот кредитор Cassa Depositi e Prestiti.