Нето добивката на оваа банка во првото тромесечије од 2018-та година е 1,25 милијарди евра. Моќната добивка е резултат на повисоките нето приходи од провизии и камати, стои во бизнис-извештај на банката.
Последните години „ Intesa“ го насочи фокусот од традиционалните активности за кредитирање на бенефиции за бизнис и имотно осигурување, потсетува „Reuters“.
Меѓу квалитетите на банката го издвоија издавањето на квалитетен имот во првиот квартал, а најголема слабост е приливот на лоши кредити во првите три месеци од годината во историјата на „Intesa“.
Оваа година, тие очекуваат значително пониски барања за лоши кредити, но предвидуваат и доста позитивни движења во сегментот за управување со имотните осигурувања.
„Оваа година очекуваме и значително пониски барања за лоши кредити и подобро задолжување“, изјави извршниот директор Карло Месина за време на прес-конференцијата.