Во вредност од вкупно 139,1 милион евра, тутун и тутунски производи се извезени во 2017 година . Во споредба со преходната година извозот во 2017 е зголемен за 20,5 милиони евра.
Додека пак споредено со изминатите 10 години, извозот на тутунот минатата година е на рекордно ниво.
- Во 2016 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 118,6 милиони евра;
- Во 2015 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 96,5 милиони евра;
- Во 2014 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 109,5 милиони евра;
- Додека во 2013 година сме имале приближен извоз како и минатата година кој достигнал до 137,3 милиони евра;
- Во 2012 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 114,5 милиони евра;
- Во 2011 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 111 милиони евра;
- Во 2010 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 93,4 м,илиони евра;
- Во 2007 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 97.2 милиони евра;
- Во 2008 година извозот на тутун и тутунски производи изнесувал 83,7 милиони евра;
За трговската размена во 2017 година извезени се тутун и тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра тое е за еден милион евра помалку во споредба со предходната година. Цената на тутунот лани изнесуваше 217 денари за килограм.