Со оваа понуда Ви се овозможува единствена комбинација на атрактивни и конкурентни производи доколку ја изберете Стопанска банка за банка преку која ќе ја примате својата плата:

• Атрактивни каматни стапки за позитивната состојба на трансакциската тековна сметка во СБ на која се прима платата

• Дозволено пречекорување на трансакциска сметка во висина од приближно 2 редовни месечни примања, со каматна стапка на дозволеното пречекорување пониска за 10% во однос на редовната каматна стапка

• Бесплатна VISA или MasterCard дебитна картичка поврзана со сметката на која пристигнува платата, со можност и за други попусти и за останатите дебитни картички

• Повластени променливи каматни стапки за сите кредитни производи во Банката со намалување од 10% во однос на редовните каматни стапки

• Други ценовни намалувања од 50% применети на:
– годишното членство кај  дебитните картички
– годишното членство кај Мој Кеш кредитот

• Брза и едноставна процедура и редуцирање на потребната документацијата без потврда за плата за сите кредитни производи

• Можност за плаќање на редовните месечни обврски преку воспоставување на траен налог на трансакциската сметка без наплата на провизија од имателот на сметката, вклучително плаќање на сметки за комуналии, плаќање на месечните рати за кредитите и кредитните картички и сл.

• Можност за користење на услугите на телефонско банкарство и вршење на следните трансакции:
– плаќање сметки за комуналии, трансфери во рамки на интерниот систем на СБ како и кон други банки, плаќање рати за кредити и картички и следење на состојбата на сметките

• Корисниците на нашите картички имаат можност без провизии и дополнителни трошоци преку банкоматите на СБ да ги вршат следните трансакции:
– плаќање сметки за комуналии, префрлување средства од една на друга сметка во Банката, плаќање рати за кредити и картички, добивање мини месечен извештај за кредитната картичка.

Останатите услуги кои се поврзани со горенаведените сервиси и не се предмет на редовно користење се тарифираат согласно Тарифата на надоместоци на СБ, која може да ја најдете на интернет страницата на СБ. Банката го задржува правото да врши измена на понудените услови во согласност со актите на Банката.