Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе бидат наградени денеска на манифестација што по 28-ми пат ја организара „Марили“.
Годинава, ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“ 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска. Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев.
Годишните лауреатки се Катерина Бошевска – генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска – генерален менаџер на Камел 98 – Виница, Евгенија Ѓорѓиеска – извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо – Прилеп, Цветанка Илиева – генерален менаџер на Бистро Груп ДОО – Гевгелија, Ирена Јакимова – генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска – потпретседател на СКСМ, Клаудија Лутовска – генерален менаџер на Сеттим Консалтинг – Битола, Марија Патриклиска – менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД – Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје, Сања Путица – менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д – Хрватска, Дариа Шуриќ – генерален менаџер на DarMell – Хрватска и Зорана Пејчиќ – генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување – Србија.
„Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија.