Изборот на Трамп ќе донесе низа придобивки за Западниот Балкан. Фокус ќе му биде бизнисот,  а не решавањето на историските проблеми, вели вишиот советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ, Џејмс Карафано.

– Новата администрација на претседателот на САД ветува крупни проекти и големи инвестиции во земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Кога се виде дека ЦЕФТА е мртва, неопходно ќе биде меѓусебно поврзување и поголема соработка на земјите од регионот, вели Карафано. Бенефит од тоа, ќе имаат сите.

– Ќе има големи инвестиции, посебно во делот на инфаструктурата. Нема да застанеме на една или друга страна, нема да се посвети Трамп на решавање на историските проблеми, туку ќе има поголма вклученост и соработка на бизнисот. Тоа што го верува админситрацијата на САД е многу охрабрувачки за Западниот Балкан, изјави Џејмс Карафано, виш советник на претседател на фондацијата Херетиџ.

Балканот беше црна дупка, сега треба да биде светла точка. Македонија иако е мала земја и нема излез на море, има стратешка позиција. Затоа треба што поскоро да се направат напори да се приклучи кон Иницијативата – поврзување на 3-те мориња, каде во мометнов од регионот членуваат само Хрватска и Словенија.

Претседателот на Комората, Азески побара сите земји кои немаат излез на море, како нашата, да добијат стаус на слободна зона. Но, бара и домашната задача да се заврши.

Иницијативата Три мориња опфаќа 13 земји членки на Унијата лоцирани помеќу Балтичкото, Црното и Јадранското море. Интегрирањето на Западниот Балкан во оваа иницијатива ќе придонесе за поголема трговска и енергетска соработка,  како и поголем економски раст на земјите.