Пратениците во Собранието денеска на 50. седница ги изгласа предлозите на Владата за претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика.

За нов претседател е именуван Марко Бислимовски, а за членови Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Гуштрим Рамадани.

Комисијата има уште тројца членови, кои беа претходно избрани.

Опозицијата гласаше против предлозите, обвинувајќи дека со изборот на членовите на Комисијата се прави рушење на независноста на ова регулаторно тело.