Иако економиите на Централна и Источна Европа одржуваа солидно темпо на раст во третиот квартал, според ОЕЦД, перспективата е нестабилна, изјавија од Ерсте во неодамнешната анализа.
Стагнацијата на глобалната трговија остава белег на перформансите на Централна и Источна Европа. Затоа, просечниот раст во овој регион ќе забави на 3,2% следната година, од 3,7% во 2019 година.
– Малите отворени економии како Чешка, Унгарија и Словачка се чини дека се особено изложени на надворешни ветрови. Во случајот со Словачка, разочарувачкиот нето-извоз во третиот квартал веќе ја намали динамиката на БДП. Се чини дека Словачка е подложена на слабости во германското производство, бидејќи индустриското производство опаѓа во последната половина година. Затоа, не треба да изненадува што очекуваната стапка на раст од 2,0% во Словачка во 2020 година е најниска во регионот, наведува Ерсте.
Унгарија е на другата страна на спектарот.
– Особено силното производство на нови модели на автомобили се рефлектира во постојаниот солиден раст на индустријата. Сепак, трендот на раст од 5% забележан во 2019 година се чини неодржлив и гледаме дека унгарската економија ќе се спушти на 3,5%. Слични стапки на раст треба да се забележат во Полска и Романија, додека Хрватска, Чешка и Словенија треба да се помират со раст од 2,5%. И на крај, растот на Србија треба да забрза на 4,0%, предвидува Ерсте.
Оваа банка претходно ја намали прогнозата за раст на БДП за Босна и Херцеговина за 2019 година за еден процентен поен на 2,6%.