Потпишан договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д, тежок 1,3 милијарди евра. Американско турскиот кознорциум Бехтел и Енка на 22 април почнуваат со градба на 4 патни правци од Тетово, Гостивар, Требениште – Струга па се до Ќафасан, како и на автопатот од Прилеп до Битола. Изградбата на 110 те километри модерни авопати ќе трае 5 години. Според премиерот Ковачевски – конечно земјава ќе добие модерни и европски патишта.
Парите за изградбата се обезбедени од буџетот, за експропријација на земјиштето предвидени се 300 милиони евра, а за надзорот пак на фирмата ИРД државата ќе и плати 22,5 милиони евра или вкупната вреднност на целиот прокт ќе биде милијарда 625 милиони евра.
За државата нема ништо спорно што надзор ќе прави конзорзуим каде во една од фирмите сопственик е Бранислав Димитриевиќ, лице за кое во Ерменија, Обвинителството води истрага за криминал.
Првиот човек на фирмата која го прави надзорот вели – кога го потпишувавме договорот, Димитриеќ не беше споманатт како сопственик во ниту една компанија.
Опозицијата обвинува дека Владата неколку пати ги менувала тендерските услови, со цел надзорот да го добие формата, која според нив, е со сомнителен кредибилетот.
Ваквите обвинувања премиерот и вицепремиерот ги орфлија и ја повикаа опозицијата , ако имаат докази за криминал, слободно да ги достават до Јавното Обвинителство