Излезот на Астон Мартин на берзата се претвори во една од најголемите катастрофи во историјата на првичните понуди на акции (ИПО). Ова ги охрабри глобалните финансиери да ги засилат своите облози за понатамошно губење на вредноста на британскиот производител на луксузни спортски автомобили.
3 милијарди фунти кои недостасуваат
Според „Фајненшал тајмс“, од објавувањето на акциите во октомври минатата година, вредноста на Астон Мартин потона за 73 проценти, избришајќи три милијарди фунти пазарната капитализација. Додека пред ИПО-то компанијата продаваше акции за 19 фунти, сега тие можат да се купат на берзата за 5.11 фунти. Се разбира, ова беше препознаено од фондовите, со што се подигнаa облозите дека вредноста на 105-годишниот производител на автомобили ќе продолжи да опаѓа и понатаму.
Покрај тоа, фондовите силно почнуваат да се обложуваат против обврзниците на Астон Мартин, иако тоа им чини прилично голема сума пари во такси. Компанијата има две транши обврзници на пазарот: издадена емисија од 285 милиони фунти издадена во 2017 година која созрева во 2022 година и емисија од 400 милиони американски долари.
Кратење на рејтингот
Агенцијата Мудис го намали нивниот кредитен рејтинг минатиот месец за очекувањата за заработка. Агенцијата ја објасни својата одлука како „недостаток на напредок во растот на обемот и профитабилноста во 2019 година и продолжување на високиот негативен слободен проток на пари и голема задолженост“. Астон Мартин одби да го коментира зголемувањето на облозите за падот на нивните обврзници.
Треба да се потсетиме дека во јули тие предупредуваа дека надворешното опкружување за кое тие предупредуваа во мај се влоши, како и макроекономската несигурност. Аналитичарите велат дека на Астон Мартин наскоро ќе и треба дополнителна докапитализација.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк