ПроКредит Банка АД Скопје во согласност со законската регулатива,преку Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување и раководење во Банката.

Имено, Народната банка на Македонија издаде претходна согласност за повторно именување на Г-ѓа Јованка Јолеска Поповска за член на Управниот одбор – Генерален директор, и повторно именување на Г-ѓа Емилија Спировска за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје.

Оттука, Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје е составен од следните членови:

  • Јованка Јолеска Поповска – Генерален директор и член на Управен одбор;
  • Емилија Спировска – Член на Управен одбор;
  • Стевче Кузмановски – Член на Управен одбор;