Министерството за земјоделство размислува за промени на системот во субвенционирање за следната година. Се планира укинување на дополнителното пријавување во декември, а целосната исплата на парите ќе треба да заврши во првите месеци од 2025. Новини ќе има и кај зелената нафта …
Укинување на авансирањето на субвенциите е една од промените што се најавуваат.
Аванс за тековна година се исплаќа само кај нас, додека во ниедна друга земји во светот ваква пракса не постои, образложуваат од Земјоделство. На овој начин, велат дека се создава бирократија, а со дополнително пријавување во декември се повторува истата постапка и папирологија поради што повеќе од девет илјади земјоделци последниве години не успеале да ги искористат субвенциите.
Догодина Министерството сака да инвестира и во компјутери и опрема на секоја подрачна единица и канцеларија за да се зголеми ефикасноста.
Тие да имаат пристап до податоци на Платежната агенција за земјоделците да не мора да патуваат во Скопје да дознаат дали нивното барање е прифатено.
Измени ќе претрпи и субвенцијата за зелената нафта за поголема ефикасност на мерката, а новините наскоро ќе бидат објавени.
Министерството очекува дека сите субвенции за годинава ќе бидат исплатена уште во првите месеци во 2025.