Министерството за финансии работи на законски измени на Законот за државна статистика. Според објавата на единствениот национален регистер на прописи ( ЕНЕР), Државниот завод за статистика согласно Законот за државната статистика е Координатор на статистичкиот систем на земјата.
Со овај предлог закон се предвидува формирање на Координативно тело на Националниот статистички систем, кое ќе биде составено од претставници на Државниот завод за статистика и овластените носители на статистички истаржувања. Исто така, се планира и усогласување на Законот во однос на структурата на Советот за статистика од апсект на поголемо вклучување на претставници на корисниците во Советот, се вели во образложението од Министреството за финансии.
Со предлог законот се предвидува зајакнување на координативната улога на заводот преку формирање на посебно тело, како и проширување на составот на Советот за статистика со цел поголемо вклучување на претставници на корисниците, велат од Министерството за финансии.
Рокот за подготовка на овие законски измени е 25 март.