Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска ќе ги презентира новите измени на Законот за возила со кои ќе се воведат еколошки налепници и субвенции за електрични и хибридни возила.
Вчера, министрите за внатрешни работи и за економија Оливер Спасовски и Крешник Бектеши ги најавија измените во Законот за возила со кои на лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли, а сите возила ќе бидат означени со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови