Електричните автомобили постигнаа огромен напредок во последните неколку години, претежно во капацитетот на батеријата што им овозможува да достигнат повеќе од 500 километри со едно полнење.

Полнењето на батериите е исто така подобрено, особено ако користите специјални брзи полначи, но сепак треба да поминете драстично повеќе време на станицата за полнење отколку на бензинската пумпа за да наполните „до горе“.

Израелскиот стартап StoreDot верува дека наскоро ќе го реши ова со нов вид батерии кои можат да се полнат за само 5 минути и веќе започнаа да доставуваат инженерски копии до заинтересираните технолошки партнери.

Прототипните батерии направени за StoreDot од кинеската компанија EVE Energy се разликуваат од традиционалните батерии бидејќи тие имаат металоидни наночестички наместо графит во анодата. Ова, според StoreDot, е „клучен чекор за надминување на големите проблеми во безбедноста и траењето на батеријата“. Понатаму, во иднина, StoreDot планира да користи силициум (наместо германиум) за овие наночестички, што треба да ги направи батериите значително поевтини, како што објаснуваат на ова видео.

„Ова претставува важна пресвртница, преминот од лабораториска иновација во комерцијално остварлив производ што може да се зголеми за масовно производство. Ова го отвора патот за лансирање на нашата втора генерација, прототип на анода со силициум во батерија за електрични возила подоцна оваа година “, рече др. Дорон Мајерсдорф, извршен директор на StoreDot.