Во насока на реализирање на препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ и во интерес на почитување нa мерките за спречување на ширењето на COVID-19, Комерцијална банка АД Скопје ги повикува своите акционери, правото на учество и гласање на Собранието на Банката, закажано за 02.04.2020 година, што е можно поскоро да го оставарат со писмена кореспонденција или со електронско гласање, со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание без физичко присуство на акционерите. Детални инструкции за ваквиот начин на гласање и учество во работата на Собранието се достапни на веб-страницата на Банката www.kb.com.mk. За дополнителни информации може да поставите прашање по електронски пат на [email protected] или на следните телефонски броеви (02)3168222 или (02)3168232.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ