Извлечени се добитниците од третото неделно извлекување од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка АД Скопје – „Бесконтактно плати и награда фати“!
Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.
Им честитаме на добитниците, а на сите останати им порачуваме да продолжат да плаќаат бесконтактно со Mastercard® и KomPay за што повеќе шанси за награда. Следното неделно извлекување е на 8 јануари 2020 година.
Главната награда, Toyota Corolla Hybrid, ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година, а во меѓувреме секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари.
Наградната игра трае до 12 јануари 2020 година. Со секоја Ваша бесконтактна трансакција во нашата земја со Mastercard® картичките за физички лица од Комерцијала банка од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка, а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay, добивате две шанси.