Извршниот директор на италијанскиот производител на автомобили Ферари, Луис Камалиери се пензионираше.
На негово место привремено е назначен извршниот претседател Џон Елкан.
Според Ројтерс, Камилери се повлекол од „лични причини“.
Одборот на компанијата објави дека е во потрага по негов наследник, без да даде повеќе детали.
Камалиери, кој е и извршен претседател на тутунската компанија „Филип Морис“, се повлече и од таа позиција, објави компанијата.
„Филип Морис“ на негово место го постави Андреа Калантопулус.