Цените за барел нафта повторно паднаа на меѓународните пазари под нивото од 58 долари, под притисок на силниот долар, вишокот на понуда и слабата побарувачка на нафта.
На лондонската берза цената на нафтата падна за 79 центи во однос на претходното затворање, на 57,74 долари.
На американскиот пазар се тргуваше за 45 центи пониска цена во споредба со претходното затворање и се спушти на 49,55 долари.
Американскиот долар се тргуваше на највисоко ниво во последните 12 години во однос на еврото, додека во однос на јенот, доларот е на највисоко ниво во последните 8 години.
Паралелно на тоа се индикациите за дополнителното зголемување на понудата на нафта на светските пазари. Додека побарувачката се уште е слаба, особено во Кина поради празнувањето на Кинеската Нова Година.
Внимание сега е насочено кон САД каде Американскиот институт за нафта (API) треба да го презентира извештајот за состојбата на залихите во текот на минатата недела. Аналитичарите очекуваат API повторно да покаже пораст на залихите на нафта и тоа ќе биде деветта недела по ред како бележат зголемување, а притоа залихите веќе се на рекордно високо ниво.