Јапонската централна банка ја задржа својата монетарна политика непроменета, придржувајќи се кон оптимистичките изгледи за економијата, објави „Ројтерс“. Регулаторот нагласи дека тие се убедени дека масивната програма на стимулации помага да се поддржи инфлацијата.
„Јапонската економија расте умерено“, се вели во официјалната изјава на банката.
Централната банка, исто така, рече дека краткорочната каматна стапка остана на -0,1%, а банката ја потврди својата цел за стабилизирање на приносите на 10-годишните државни обврзници на околу нула проценти. „ВоЈ“ гласаше со 8 гласови против да ги остави клучните каматни стапки непроменети.
Одлуката на централните банкари беше донесена откако најновите макроекономски податоци покажаа дека платите се намалуваат со најбрза стапка за шест месеци, што покажува дека потрошувачката ќе го изгуби интензитетот во оваа година и ќе и тежи на економијата која во моментов го ужива својот најдолг период на раст од пред 28 години.
Силниот јен, од друга страна, ги засилува стравувањата на централната банка во Јапонија, бидејќи исто така може да ја олади економијата зависна од извозот и да го попречи порастот на платите од страна на бизнисот.
„Јапонската централна банка ќе продолжи да ја одржува досегашната политика во догледна иднина, бидејќи предвид начинот на кој се однесуваат девизните пазари во моментов, па наскоро ќе има дискусија за излез од програмата за квантитативно олеснување“, коментира Изуро Като, виш економист во „Totan Research“.
Целта на „ВоЈ“ за инфлацијата е за околу 2% и засега останува далеку зад себе и покрај економскиот раст. Тоа е она што ја прави задачата на гувернерот на банката Харухико Курода, кој во април мора да го започне својот втор мандат, уште потешка.
Најголемиот дел од економистите интервјуирани од страна на „Ројтерс“ очекуваат централната банка да ги задржи каматните стапки непроменети на долг рок, иако 40% сè уште чекаат за зголемување.
Во својот најнов извештај, централната банка ја задржа својата актуелна прогноза за зголемување на потрошувачките цени (без храна) за 1.4% во фискалната 2018-та година и за 1.8% во 2019-та година. Сепак, се очекува во фискалната 2019-та година инфлацијата да достигне 2%.